Парите влијаат на интелигенцијата!

 
Сигурно и вие често пати сте се запрашале зошто побогатите се збогатуваат уште повеќе, а сиромашните се сè посиромашни? Па, можеби научниците имаат одговор и за ова. 
 Всушност се покажало дека големината на нашите примања не го диктира само нашиот избор за одмор или тоа колку скапа кола ќе возиме. Таа исто така влијае и на нашата интелигенција.
Научниците дошле до сознание дека грижите за финансиите влијаат на мозокот така што го намалуваат нашето IQ дури и за 13 поени. Како резултат на тоа, оние со ограничени средства е многу поверојатно да донесат лоша одлука што ќе ги однесе во поголеми долгови, со што ги зголемуваат своите финансиски проблеми. Но истражувањата исто така покажале дека кога нивните финансиски оптоварувања се отстранети, нивната интелигенција повторно се искачува на исто ниво колку тие што се високо платени.
И покрај тоа што многумина според ова би можеле да заклучат дека пониската интелигенција е всушност причината што некои луѓе имаат пониски примања, научниците потенцираат дека не е така и дека всушност проблемите со кои се соочуваме кога се финансиите во прашање и начинот на којшто тие го оптоваруваат нашето размислување всушност е она што не прави помалку паметни.
“Нашите резултати сугерираат дека кога сте сиромашни, парите не се единственото нешто што ве ограничува и што ви трае кратко. Когнитивниот капацитет, исто така се намалува. “ вели економистот од Харвард, Sendhil Mullainathan.
“Она што овие испитувања го покажуваат е тоа дека кога истата личпност се соочува со сиромаштија страда од намален капацитет на интелигенција, спротивно од тоа кога го нема тој проблем. Исто така погрешно е да се верува дека когнитивниот капацитет буквално се намалува ако некој е сиромашен. Всушност, она што навистина се случува е фактот дека нашиот ефективен капацитет станува помал. Сите проблеми коишто ни се на ум кога ни фалат пари, оневозможуваат да го насочиме мозокот ефективно кон нешто друго.”
Sendhil го споредува мозокот на личноста којашто се соочува со финансиски проблеми со компјутер којшто забавено ја врши својата задача затоа што истовремено е оптоварен со повеќе функции.
Интересен е примерот со Индиските замјоделци коишто заработуваат од жетвата на шеќерната трска, па затоа најголемиот дел од своите примања ги добиваат еднаш годишно. Научниците направиле неколку тестирања кај одредена група земјоделци. Тие решавале тестови за интелигенција месец дена пред жетвата кога нивните заштеди се прикрај и уште еднаш, месец дена после жетвата кога се значајно побогати. Истите луѓе имале дури за 10 поени повисок IQ на вторите тестови, отколку на првите. Со самото зголемување на нивните заштеди се зголемила и интелигенцијата и когнитивната контрола, а грешките и времето коешто им било потребно за да одговорат на некое прашање се намалиле. 
П.К.Всушност се покажало дека големината на нашите примања не го диктира само нашиот избор за одмор или тоа колку скапа ко

Пронајдете не на следниве мрежи: