За матурантот се потребни платите од мама и тато и пензијата од баба

Пресметките покажуваат дека само за гардероба еден матурант минимум чини околу 15 илјадиденари, а пари се потребни и за матурската вечер, но и за честење на најблиските. Скапо е, но кога ќе дојде време за матура, родителите не жалат пари за децата. Пресметките покажуваат дека еден просечно облечен матурант чини околу 15 илјади денари и тоа ако станува збор за момче кое троши на костум, чевли, кошула и часовник. Девојките, пак, матурската прослава ја доживуваат подраматично, па освен фустанот што го купуваат или го шијат мора да ја погодат и бојата на чевлите, чантата, да имаат фризура, надградени нокти, накит и убава шминка. Освен овие издатоци се купуваат и подароци на партнерите. Но, не е само во прашање убавиот изглед, пари се потребни и за влезница за прославата во хотелот, а потоа следува и прославата во диско. Истовремено нивните родители дома чекаат гости за да прослават за матурирањето на своето дете. Парите се трошат, но за цена никој не прашува, сите сакаат да изгледаат убаво на денот кога завршуваат еден убав и безгижен период од животот.
Јосиф Спасовски од средното училиште “Орце Николов” забрзано се подготвува за прославата.- Плативме 3000 денари за прославата во хотелот “Холидеј ин”. Во цената е вклучена храната, слики, диско, а ќе ни пее Жаре Берберот. Училиштето ни овозможи да ја платиме сумата на три рати. За облека: сако, панталони и кошула, потрошив 8000 денари, вели Спасовски.
И оваа како и минатата година матурантите не ги заобиколуваат ниту лимузините. Од фирмите кои ги изнајмуваат велат дека интересот е голем, а цената зависи од трасата по која сакаат да се движат.- Интересот за возење со лимузина е голем, најчесто ги изнајмуваат организирано, повеќе матуранти во група. Најчесто матурантите одат по партнерката и провозуваат некое крукче низ градот – велат изнајмувачите на лимузини.
Светлите бои повторно се во мода и оваа сезона. Цената на фустаните се движи од 100 евра, па нагоре.- Најмногу се бара тиркизна боја, мастило, различни нијанси на розова и циклама и стандардната црна боја. Голем дел од девојките доаѓаат да шијат со фустан симнат од интернет за да бидат уникатни и да не се случи две девојки да имаат ист фустан, ако го купат од продавница – велат модните дизајнери.
Зависно од фризерските салони во кои девојките ќе се разубавуваат, фризурите може да чинат од 300 денари, па нагоре или еден сет од фризура, шминка и вештачки трепки се нуди дури и за 6000 денари.
Сепак, еднаш се слави матура. После ништо не е исто, а тоа ги знаат и матурантите. Едни ќе се запишат на факултет, други ќе мора да бараат работа за да обезбедат егзистенција и да се соочат со предизвиците на животот, трети ќе се мажат.
Превземено од ВечерПресметките покажуваат дека само за гардероба еден матурант минимум чини околу 15 илјадиденари, а пари се потребни и з

Пронајдете не на следниве мрежи: