Како настанала пицата

Потеклото на пицата е доста контроверзна тема: имено, многу градови како Неапол и Џенова сметаат дека се „татковците“ на пицата. Всушност, со оглед на тоа дека се работи за еден вид на леб, таа е присутна во многу различни варијанти насекаде низ светот и во зависност од нејзините состојки како и од локалните гастрономски традиции, нејзиното потекло не е сосем историски потврдено.
За војниците на персискиот цар Дариј Велики, кои биле навикнат на долги маршови, се вели дека на своите штитови печеле некаков вид леб и на него додавале сирење и урми. Римскиот историчар Марко Порциј Катон во 3 век пред новата ера опишал еден вид „округло тесто премачкано со маслиново масло, зачини и мед испечено на камен“. Вергилиј во својата „Енеида“ опишал колачи или тенок леб. Од ископините во Помпеја која вулканот Везув ја затрупал во 79 година, пронајдени се остатоци од округли пецива. Во готварската книга на Марко Гавиј Апиј наведени се состојките кои се додаваат на подлогата од пецивата: пилешко месо, ананас, сирење, лук, нане, пипер и масло, кои воедно се и состојките на денешните пици. Во Средниот век слугите ги јаделе остатоците од храната на своите господари, што било вообичаено. Тие остатоци ги ставале на парче леб, ќе ги полиеле со некој сос, ги зачинувале со она што би им се нашло при рака и ги ставале во рерна да се загреат. Доматот е донесен во Европа од Перу во 16 век. Сиромашното население од Неапол додавало домати на своето јадење и така ја создало пицата каква денес е позната низ целиот свет. Самиот збор пица (pizza) прв пат се појавил во 997 година во ракописот од Гаете (Gaete), град во Јужна Италија.Потеклото на пицата е доста контроверзна тема: имено, многу градови како Неапол и Џен

Пронајдете не на следниве мрежи: