Блесед Марвелос Херв го убедил калифорнискиот агент за недвижности и неговата девојка да му позајмат пари така што ги измамил дека е син на претседателот на Конго.
Тој е уапсен претходната недела поради тужба дека ги измамил агентот и неговата девојка за 1,6 милиони долари, со своето лажно претставување.
Агентот вели дека го убедил да му позајми пари кои подоцна требало да му ги врати и му ветил дека ќе му даде провизија и голем бонус.
Наместо тоа добил само оправдувања и барања за уште пари.
Херв му рекол на агентот дека неговиот татко сака да купи луксузна куќа во Сан Франциско, но му треба прво помош да ги поврати милионите кои ги заплениле американските власти, како и помош за плаќање на долгот кон даночната служба и за трошоците во врска со другите правни проблеми.
Притоа агентот му дал на Херв 635.000 долари, а неговата девојка 970.000 долари.
Херв има 41 година и на иста возраст е како Џозеф Кабиле, кој е претстедател на Конго од 2001 година.Блесед Марвелос Херв го убедил калифорнискиот агент за недвижности и неговата девојка да му позајмат пари така што ги