Сливничкиот манастир крие фреска со гробот на Александар Велики

Над гробот на војсководецот Александар Велики е пронајдена идентична фреска на која е прикажан светецот Сисое.
Идентична фреска има и во манастирот во Преспа. Покрај овој манастир, фреската со светецот Сисое ја има и во Сливничкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во Македонија.
За ова откритие беше заслужна Ленче Kрстеска, магистер по фрескосликарство и иконографија, која подолг период ги истражува фреските со костурот на Александар Македонски во храмовите на овие простори.
„Во Сливничкиот манастир, кој датира од 17 век и изграден на падините на планината Баба над Преспанското Езеро, во јужниот дел на долапот од прозорецот е насликана фреска со светиот преподобен Сисосе Велики. Тој е прикажан со кренати раце и залудувачки гледа над гробот, односно кон костурот на Александар Македонски. Фреската побудува чувства на збунетост и не ве остава рамнодушен, туку, напротив, ве тера да размислувате што зографот сакал да каже“, вели Kрстеска. Според преданието за свети Сисое Велики, кој бил од Египет и живеел во првиот век од новата ера, тој во пустината го пронашол гробот на Александар Македонски. Гледката го ужаснала па си рекол: „Kолку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел“.
Потоа, тој го затворил гробот и на никого не го покажал. На пронајдената фреска на старословенско писмо пишува: „Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне?“ Ленче Kрстеска вели дека некаде во 1607-та година е изградена оваа црква во Сливничкиот манастир во кој е пронајдена фреската. Во нишата, над западната врата, каде што е претставена Богородица со Христос, зачувана е сигнатура на зографот Никола, автор на фреските на црквата. „Идентична фреска, истата композиција. На натписот на левата страна пишува дека костурот е на Александар Македонски. Според пишаната литература, манастирот „Варлам“ почнале да го градат браќата-калуѓери од Јанина, Нектар и Теофан, во 1518 година. По нивната смрт, манастирот продолжил да цвета. Во манастирот, пак, пишува дека бил дограден во 1535 година. Во апсидата на светилиштето на црквата „Три јерархи“, која е прва изградена на карпата Варлам, соѕидана е плоча со датум 1627 година“, вели иконографката. Според Kрстеска, досегашните претпоставки биле дека фреските во „Варлам“ се зографисани во 1566 година од свештеникот Јорго Епископ од Тибе и од неговиот брат Франгос Kателан, водечки претставник на критската школа од кого се најдени многу фрески во манастирот „Големиот Лавра“ на Света Гора. Но, таа не ја исклучува можноста двете фрески на свети Сисое да имаат македонски автор. „Од фотографиите на фреските во Сливничкиот манастир и во „Варлам“ се гледа дека се многу идентични, дури и исти. Се поставува прашањето дали истиот наш зограф Никола ги насликал фреските во двата манастира. Дали се точни годините на градба што постојат во литературата? Важно е тоа што во Сливничкиот манастир имаме сигнатура и потпис од зографот, а во „Варлам“ за тоа нема точни податоци“, вели Kрстеска.Над гробот на војсководецот Александар Велики е пронајдена идентична фреска на која е прикажан светецот Сисое.

Пронајдете не на следниве мрежи: