петок, 13 ноември 2026
Најново

Москва основа банка на птичји пој

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градските власти на руската престолнина Москва најавија во вторникот основање на банка на пеењето на птиците коешто ќе може бесплатно да се преснимува за да се „развие еколошката свест кај жителите на Москва“.Цвркотењето на птиците коишто ги населуваат парковите и шумите во руската престолнина и околината ќе бидат снимени и внесени во каталог кој ќе се дистрибуира во парковите, училиштата и книжарниците, објави раководителот на канцеларијата за екологија при градскиот совет во Москва, Антон Кулбачевски.Каталогот кој ќе има форма на книга ќе содржи фотографии со опис на локалните видови со код поврзани на датотеката којашто ќе може да се пресними и да се овозможи слушањето на појот на птиците, изјави Кулбачевски за дневниот весник Известија. „Каталогот ќе ја развива еколошката свест кај московјаните“, потенцирал.Вкупно 250 видови птици живеат на подрачјето на Москва и околината, меѓу кои околу 160 во самото градско подрачје на руската престолнина, според податоците на руското здружение за заштита на птиците.
МакфаксГрадските власти на руската престолнина Москва најавија во вторникот основање на банка на пеењето на птиците коешто ќе

Поврзани вести