Дознајте што го возбудува според хороскопот

Испробаните афродизијаци ќе добијат сосема друга димензија ако ги одберете согласно хороскопскиот знак на вашиот партнер. Дознајте што го возбудува…
Овен Спонтани, заводливи, наклонети кон игра, Овните се вбројуваат помеѓу најстравствените хороскопски знаци. Тие уживаат во визуелното доживување, па многу е важно како изгледате и каде се состанувате со него. Црвената боја го возбудува, како и јаките мириси и киселите вкусови, така да ѓумбирот е идеален стимуланс.
Бик Еден типичен Бик обожава ароматични и сензуални парфеми, ориентална музика, како и удобноста на свилената постелнина. Според ѕвездите, за него најсилен стимуланс е течното злато, односно медот.
Близнаци Каде полна со миризлива вода, свеќи и лежерна музика ќе го приземји Близнакот и ќе направи да остане многу подолго во вашата прегратка. Етеричните масла се вистинска релаксација за нив, како и масажа – тело со тело. Близнакот обожава ароматични мириси и вкусови, а најмногу реагира на цимет и мускатно оревче.
Рак Нежниот и сензуален рак најмногу ќе го опушти масажа со ароматични масла, со нежни и лежерни ноти, но тоа што им треба за да го разгорат еротскиот оган се секако морски плодови и тоа свежи.
Лав Доколку се потрудите да се почувствува важен во текот на љубовната игра, сигурно ќе ве однесе до самиот врв на уживањето. Меѓутоа, ако на овој љубител на луксузот во јадењето му додате малку од најскапиот зачин на светот, шафранот, можете да очекувате вистински огномет, во креветот.
Девица Аналитичните и помалку ладни Девици, секогаш можат да ја подигнат вашата интелектуална стимулација, а конзумирањето лук ја разгорува неговата крв и од него прави вистински љубовник. Како кај секој лек, не треба да претерувате, па две чешниња лук ќе бидат сосема доволни, тој да ви ги покаже сите љубовни способности.
 
Вага Вагите обожуваат убавина, и уживаат само доколку атмосферата е хармонична. Кожата им е многу чувствителна, па една лесна масажа за нив чудотворно ќе делува. Меѓутоа, кога коцка чоколадо ќе почне да се топи во нивната уста, се претвораат во нескротливи љубовници.
Шкорпија Стравствените Шкорпии се неодоливи поради својот магнетизам и мистичност кои го поседуваат. Се што има мирисна нота на таинственост и забрането за Шкорпиите претставува вистински предизвик на кои не можат да одолеат, така што тартуфите се вистинскиот избор за нив.
Стрелец Стрелците фантазираат да разменуваат нежност и љубов на јавно место, затоа што тогаш интимата им станува слатка како забрането овошје. Но, ако сакате уште повеќе да ја разгорите страста кај овој огнен знак, доволно ќе биде во јадењето да му ставите поголема количина бибер.
Јарец Јарците се познати по тоа што уживаат во стари, скапи и испробано квалитетни нешта, а со оглед на тоа што уште и древните народи ја ценеле ванилата како моќен афродизијак, за припадниците на овој знак таа има скоро магична моќ.
Водолија Водолиите обожуваат авантури и мечтаат за она што им е непознато и сеуште неистражено, а ништо не делува на нивната сексуалност како едно парче сочно авокадо. Легендата вели дека уште старите Ацтеки верувале во овој моќен афродизијак, т.е. жените ги затворале во куќата за време на бербата на ова овошје.
Риби Романтичните и занесни Риби се вистински уживачи на се што им гарантира задоволување на сите сетила. За разгорување на нивната страст, не постои ништо посилно од чаша црвено вино, затоа што во исто време ги опушта и им ја тера крвта побрзо да струи во нивните вени.
Извор. lady.mkИспробаните афродизијаци ќе добијат сосема друга димензија ако ги одберете согласно хороскопскиот знак на вашиот партн

Пронајдете не на следниве мрежи: