За многумина е всушност енигма смртта на еден од најпознатите политичари во светот, Јосиф Сталин. Неодамна се појавија неофицијални документи кои многумина теоретичари сметаат дека тие се доказ за вистината за смртта на Сталин.
По 60 години од смртта на Јосиф Сталин, неофицијалните документи покажуваат дека овој руски диктатор починал од природна смрт. По направената аутопсија, потврдено е дека тој починал од мозочен удар.
Германскиот весник „Куриер“ објавил 11 страни од невидени документи на аутопсија на диктаторот кој бил одговорен за смртта на преку 30 милиони луѓе. Документите се јасни и покажуваат дека првичните вести за тоа дека тој починал на 5 март 1953 година во 21.50 часот, не биле далеку од вистината.
Во документите кои досега биле држени под клуч во Руската државна архива на социјално-политичката историја, стои дека „пациентот број 1“ доживеал мозочен удар во 18.30 часто на 1 март 1953 година во неговата викендица.
Истот ака во извештајот стои дека Сталин, ноќта пред својата смрт пиел од неговото омилено Грузиско црвено вино и дека цел ден не излегувал од соба, а поради неговиот лош карактер, никој од неговите слуги не се осудил да влезе во неговата соба и да го вознемири.
Во медицинскиот протокол стои дека бил пронајден во пижами како грчи на тепихот. Иако неговите помошници мислеле дека спие, докторите наведуваат дека тој тогаш бил во кома.
За многумина историчари ова е веродостоен доказ, ако го земеме фактот дека неговата смрт и не била неочекувана бидејќи бил во многу лоша здравствена состојба.За многумина е всушност енигма смртта на еден од најпознатите политичари во светот, Јосиф Сталин. Неодамна се појавија



