Покрај едноличноста од бетонски згради, Студентски град во Софија воопшо не е здодевен. Таму живееат повеќе од 30 илјади студенти, па така просечната возраст на населението е 20 години.
Имено станува збор за населба кои студентите со текот на времето ја претвориле во едно од најдинамичните и најраздвижените места во Софија и единствен феномен во Европа.
Приказната за Студентски град во Софија ја раскажуваат Антоан, Анастасија и Тодор. Тие изјавуваат дека Студентски град совршено им одговара, па објаснуваат дека таму може да се најде се: од факултети и стари бетонски згради па се до еден куп места за забава како ресторанти, кафулиња и дискотеки. Оваа разноликост на нив како студенти им дава можност да комуницираат меѓусебе и подобро да се запознаваат.
За соба Антоан плаќа по 25 евра месечно, а тој ја дели собата со уште еден цимер како и повеќето студенти. Неговата месечна стипендија изнсува 60 евра па затоа е потребно дополнително да заработува. Кога студираш, а покрај тоа и работиш и навечер спортуваш, тогаш не ти останува многу време што мораш да го поминуваш овде во собата и сеедно ти е како таа изгледа“, вели Антоан.
Ноќта во Студентски град е време за забава. Има многу клубови и дискотеки но и постојано се отвараат нови. На забава во овој дел од Софија доаѓаат луѓе од цела Бугарија, посебно млади момчиња. Покрај засилениот полициски надзор овде алкохолот и дрогата се нормални појави а забавата трае до утринските часови. Неодамна е забележан и смртен случај.
Полицијата размислува да воведе забрана за ноќни забави, но тоа нема да донесе некои значителни резултати бидејќи дури и кога би се забранила забавата после 22 часот, сепак студентите ќе почнат да прават забави во своите соби. Од друга страна пак многу од нив ќе останат без дополнителните приходи кои ги добиваат работејки во ноќните клубови.
Антоан своето време со задоволство го поминува спортувајќи а Анастасија и Тодор уживаат во необичните вечерни настани.
Главна тема на повеќето студенти кои утрата ги поминуваат на факултетите е забраната за ноќно излегување. Антоан кои што е претставник за тоа вели- „Добро знаеме дека не можеме само да се забавуваме и да пиеме, бидејќи како тогаш би студирале? Затоа го мразам тоа обвинување. Кога ќе им кажам на луѓето дека студирам и живеам во Студентски град обично велат :Ах, Студентски град – таму само се пие и се лумпува!- На тоа можам само да кажам дека не е вистина“.
Тој ќе продолжи да се бори за студентите и за Студентски град кои пулсира благодарение на студентите.
Извор: Дојче ВелеПокрај едноличноста од бетонски згради, Студентски град во Софија воопшо не е здодевен. Таму живееат повеќе од 3