Повеќе од 60 луѓе се затруле со храна во дански ресторан кој е прогласен за најдобар во светот, објавија локалните медиуми во саботата. Лекарите наведуваат дека гостите на ресторанот „Noma“ во данската престолнина Копенхаген се затруле во февруари, како и дека повраќале и добиле пролив, пренесува BBC. Засега не е познато што го предизвикало труењето, меѓутоа се претпоставува дека за тоа е одговорен за заболен вработен во ресторанот. Ресторанот „Noma“, кој во изборот на реномираниот магазин „Restaurant“ е прогласен за најдобар ресторан на светот за 2010 и 2012 година, издаден официјално извинување. Ресторанот е отворен во 2004 година, а познат е по детално аранжираната храна и употребата на свежи продукти, а главниот готвач Рена Реџепи, по потекло од Македонија, го опишуваат како „носител на Новото нордиско движење“. Просечна вечера во ресторанот „Noma“ без пијалак чини 260 американски долари, а маса мора да се резервира со месеци однапред.
МакфаксПовеќе од 60 луѓе се затруле со храна во дански ресторан кој е прогласен за најдобар во светот, објавија локалните мед