Во петок, Bernays propaganda го промовираат новиот, трет по ред албум, „Забранета планета” со концерт во МКЦ.
Како гости ќе настапат Culture Development , Сиз и Молокаи.
Почетокот е најавен за 21.30 часот, а карти во предпродажба можете да се набават во: МКЦ, Југотон, и Пола Југотон по цена од 200 денари.
На врата картите ќе чинат 250.
По овој концерт Bernays propaganda заминуваат на 70 дневна Европска турнеја организирана од бендот и нивната издавачка куќа „Направи заедно”
Макфакс
Во петок, Bernays propaganda го промовираат новиот, трет по ред албум, „Забранета планета” со концерт во МКЦ.