Листата всушност ја состави американската компанија Економик Моделинг Специјалист, врз основа на податоци за побарувачката за тие занимања во изминатите години.
Податоците се однесуваат на пазарот на САД, меѓутоа овие трендови на развој се присутни и на останатите светски пазари.
Погледнете ја листата:
1. Софтвер девелопер (програмер)
Од 2010 година растот на побарувачката за овие вработени ќе изнесува седум отсто, а просечната плата во САД е 90.530 долари годишно.
2. Сметководители и ревизори
Од 2010 година растот на побарувачката ќе изнесува три отсто, а просечната плата годишно 61.690 долари.
3. Маркетиншки истражувачи и маркетиншки експерти
Од 2010 година побарувачката е за 10 отсто поголема, а просечната плата е 60.570 долари годишно.
4. Аналитичари на информатички системи
Од 2010 година растот на побарувачката изнесува пет отсто.
5. Менаџери на човечки ресурси
Од 2010 година побарувачката е поголема за пет отсто.
6. Администратори на мрежи и администратори на информатички системи
Од 2010 година растот на побарувачката изнесува пет отсто.
7. Трговски патници
Од 2010 година побарувачката е поголема за четири отсто.
8. Аналитичари за сигурност на имформатички системи, веб инжинери и дизајнери на информатички системи
Од 2010 година побарувачката пораснала за пет отсто.
9. Машински инжинери
Од 2010 година растот на побарувачката изнесува шест отсто.
10. Индустриски инжинери
Од 2010 година растот на побарувачката изнесува пет отсто.