Во Шведска има повеќе машки отколку женски проститутки

Шведскиот национален младински совет во понеделник соопшти дека во оваа земја има дури двапати повеќе млади мажи кои ги продаваат сексуалните услуги отколку жените.

Според истражувањето, 2,1 отсто од мажите на возраст од 16 до 25 години изјавиле дека продавале сексуални услуги во текот на 2012 година во споредба со 0,8 отсто од жените.
„Зад овие бројки се наоѓаат околу 20.000 лица на кои итно им е потребна помош. Тешко ни е да сватиме зошто има повеќе мажи од жени“, изјави мари Нуман, портпарол на Советот.
Претставник на шведската Асоцијација за сексуална едукација изјави дека постои можност младите хомосексуалци полесно да ја прифаќаат својата сексуалност доколку тоа го прават во замена за некаква финансиска полза.
Резултатите од ова истражување покажаа дека 21,9 отсто од лицата на возраст од 16 до 25 години сметаат дека е прифатливо да се пужаат сексуални услуги за некаков вид компензација, како и тоа дека младите мажи се потолерантни по тоа прашање од жените.
Дури и половината од клиентите, кои ги плаќале машките и женските проститутки помлади од 26 години, исто биле помлади од 26 години.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Приведени 46 проститутки

Џиновски постери на голи мажи ја шокираа Виена

Ќе го гради најголемиот бордел во Европа вреден 12 милиони фунти

Пронајдете не на следниве мрежи: