Лондон со аеродром над вода

Лондон ќе добие аеродром кој ке плута над водата. Архитектонската фирма 'Генслер', постави предлогг-концепт за нов аеродром во Лондон, кој би се наоѓал над површината на реката Темза, кој би бил поврзан со подводни терминали. Новиот аеродром, наречен ''London Britain”, ќе биде составен од 4 писти кои би плутале над површината на водата, прицврстени за морското дно и поврзани подводни железни тунели со кои би се поврзале патниците од Лондон и патниците од некои делови на Европа. Предлогот на оваа архитектонска фирма, вклучува аеродромот 'Hitrow' да се пренамени во еколошки град, кој би претставувал дом на 300.000 луѓе. За разлика од претходните идеи на архитектонските фирми за градење нови аеродроми во Лондон, кои голем дел вклучуваа пренасочување на водата од реките во копното заради мелорација, овој пат 'Генслер', има план да изгради џиновска платформа која би била цврсто укотвена за морското дно. Овој предлог е веќе упатен до владата на Велика Британија, која размислува на кој начин ќе го зголемат капацитетот на аеродроми во Југоисточна Европа.

 

 

Погледнете ги следниве статии:

Facebook почна да наплаќа за објавување на слики и статуси!

Алкохолна пица: Да, таа постои!

Илузионист три дена ќе биде приклучен на милион волти

Пронајдете не на следниве мрежи: