Алкохолна пица: Да, таа постои!

 Ресторанот Salvatore во Бостон, постави на менито пица која се нарекува 21+. Што е интересно во оваа пица? Иако звучи чудо, за некои е можеби идеална комбинација. Тие врз кашкавалот на пицата, го зачинуваат вкусот со вотка, која не е само за вкус во комбинацијата. За да ја пробате оваа пица, потребно е да покажете лична карта. Главниот шеф на овој ресторан, објаснува како до овој рецепт дошол сосема случајно. Во своето мени, тие имаат пица со суви малини, малините биле премногу суви откако ќе ги сварат, и решиле да ги омекнат за да бидат повкусни само на еден начин, да го остават во вотка. Упс, така едноставно… Така тие сега работат на вметнување на нови пици во своето мени, сите со алкохол бидејќи нивната популарност е поголема од очекуваното. Наскоро тие ќе ја промовираат пицата Drunken pig, која се состои од Kahlua, маринирано прасечко, рикота сирење, карамелизирани јаболки и лут мед, и пицата Calabria Peach која се состои од рум комбиниран со свежи праски, маскапоне, свежа моцарела и босилек. Иако можеби изгледа гадно и на некои воопшто не би им се допаднала идеата за пица со алкохол, сепак во САД таа крена доста прашина и многу пицерии веќе измислуваат кои видови на алкохол најдобро би се вклопиле во пицата. 

 

 

 

Предлагаме да ги погледнете и следниве статии:

Facebook почна да наплаќа за објавување на слики и статуси!

Австралија го претстави џиновскиот радио телескоп

5-те најголеми мани на хороскопските знаци

 

Пронајдете не на следниве мрежи: