Рускиот претседател Владимир Путин во неделата наполни 60 години, додека неговиот американски колега Барак Обама, пред три дена прослави 20 години од бракот со сопругата Мишел.
Јубилејот од својата свадба кој инаку е на 3-ти октомври, сопружниците Обама го одбележале во ресторан. Но бидејќи актуелниот американски претседател Барак Обама во рамките на својата кампања за уште еден мандат на изборите на 6-ти ноември за тој ден имал закажано партиски активности, ѝ ветил на сопругата дека јубилејот ќе го одбележат во најскоро време.
Според Белата куќа, обезбедувањето го донело претседател и неговата сопруга во ресторанот Bourbon Steak во хотелот Four Seasons, каде што вечерта кон неделата прославиле 20 години од бракот.
Белата куќа не соопшти за каква храна се одлучила претседателската двојка за славеничката вечера.
Новинарите од пулот што го следи Обама во кампањата не им било дозволено присуство на ручекот на претседателот и морале да го чекаат шефот на државата во блиското кафе.
Водечките руски политичари во неделата му го честитаа на претседателот Владимир Путин неговиот 60 роденден, посакувајќи му енергија и ентузијазам за постигнување на неговите цели. Тие истакнуваат дека за време на неговото претседателствување, Русија се претворила од земја на работ од катастрофата, во социјална држава со голем број позитивни показатели.
Во неделата, Путин го прослави својот деветти роденден како претседател на Руската Федерација, и четиринаесеттиот откако се појави во владејачките структури, на функцијата премиер во 1999 година.
Според најавите од Кремљ, рускиот претседател јубилејниот роденден ќе го прослави во тесниот круг на семејството и пријателите.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: