Астероид со големина од околу 50 метри ќе прелета крај Земјата во недела навечер, соопшти интернет страницата на опсерваторијата ISON-NM.
Новиот астероиди во близина на Земјата, бил откриен до страна на приватната опсерваторија Tенгара, во американската сојузна држава Аризона.
Бидејќи откривањето на овој астероид сѐ уште не е потврдено од другите опсерватории, објектот привремено ја носи ознаката TCT501. Дијаметарот на вселенско тело се проценува на 25 до 50 метри.
Во недела, во 17,03 часот по македонско време, астероидот ќе прелета на минимална оддалеченост од Земјата до 256,5 километри од Земјата, односно околу 0,6 од растојанието до Месечината.
Во моментов, објектот има светлината од 16 ѕвездени степени. Астрономите очекуваат да извршат фотометриски набљудувања на објектот, што ќе овозможи, особено, да се утврди периодот на неговото враќање.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: