Прегледувањето на Fаcebook и Twitter изгледа се позанимливи од сексуалните односи или пушењето цигари, доколку ѝ се верува на студијата објавена во петокот.
Според оваа студија, прегледувањето на социјалните мрежи, објавувањето на фотографии или коментирање, се попривлечни од сексот или цигарите во смисла на релаксирање.
Ова истражување во Германија една седмица го спроведувале истражувачи од американскиот Универзитетот Чикаго.
„Сигурно е потешко да им се одолее на овие медиуми, бидејќи се лесно достапни и не е тешко да се ангажираат, и кога ќе се обидеме да им одолееме“, вели авторот на студијата Вилхем Хофман објавена во The Los Angeles Times.
Лицата коишто биле опфатени со овој проект биле на возраст меѓу 18 и 85 години. Биле користени смартфони коишто ги предупредувале истражувачите за моментите кога испитаниците почувствувале потреба за консумирање на социјалните мрежи.
Учесниците во истражувањето требало да известуваат и за желбата за секс, пијалак, цигара или други потреби.
Од истражувањето произлегува дека желбата за прегледувањето на социјалните мрежи е таа на којашто најтешко може да ѝ се одолее.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: