Aпасиев очекува негова колешка од правен да заврши во Бардовци откако го коментираше скандалот со Онкологија

Лично познавам најмалку тројца професори од Правен кои завршија у БАРДОВЦИ (ама буквално)! Ана Чупеска изгледа ќе да е четвртата.

Aпасиев очекува негова колешка од правен да заврши во Бардовци откако го коментираше скандалот со Онкологија

ФрчковаШкола

Фејсбук статус на професорот и претседател на Левица, Димитар Апасиев.

Сите оправдано се згрозени и реагираат на онколошките монструмски сомневања, пишува професорката Ана Чупеска во објава на социјалните мрежи.

„Имаме инфо дека ОЈО отворило истрага и во координација со МВР делуваат соодветно. Сите едвај чекаме наоди и разврска! Но, за жал, сѐ уште има и такви кои ги злоупотребуваат и така веќе упропастените човечки судбини. Има и онакви за кои пресумпција на невиност не важи… сѐ за политичка видливост“, пишува Чупеска.

Според неа, повиците за протест се легитимни, но не и осудата на луѓе без докази.

„Повици за протест се легитимни, ама не и однапред да ги осудувате, со лицата што сте објавиле и да повикувате на линч без да имате било какви докази. Аман кое дно сте ??? Трамповци и трапчовци!“, револтирано пишува универзитетската професорка и колумнистка, Ана Чупеска.

Според неа, ОЈО треба да ја известува јавноста за текот на истрагите.

„Сметам дека што побрзо, најбрзо, море ИТНО, ОЈО треба да ја извести јавноста до каде се со наодите од истрагата (ако известиле , фајн). Но, секое успорување на истрагата значи отворен простор за уште поголема злоупотреба на жртвите“, стои во објавата на професорката Чупеска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.