Aгелер нeма коментар за обвинението за Груби

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, вели дека нема да го коментира обвинението за Артан Груби бидејќи како што рече не сака да се меша во внатрешните работи на државата и во судската власт во земјава.

Таа не беше изненадена што токму Груби се најде и на црната листа на САД бидејќи како што тогаш изјави сите во државата знаат кој е корумпиран.

Порача дека многу е задоволна и од полициските акции кои ги гледа изминативе денови.

Пронајдете не на следниве мрежи: