Aеробно вежбање ублажува депресија, дури и кај хронично болни

Расположението кај луѓе со хронични здравствени проблеми кои страдаат од депресија може да се подобри со аеробни вежби, како што се вежбање во групи, пешачење, трчање, возење велосипед, покажува нова студија.
Пациентите со хронични болести имаат два до трипати поголема веројатност да развијат депресија отколку општата популација, според истражувачите во British Journal of Sports Medicine. Кога тие пациенти стануваат депресивни, нивните хронични заболувања често се влошуваат и ризикот од смрт се зголемува.


Пациентите кои вежбале најмалку два до трипати неделно имале подобри шанси да ги ублажат симптомите на депресија отколку луѓето кои не вежбале, покажа студијата. Тоа беше уште позабележително за оние кои практикуваа четири до петпати неделно.
Повеќето експерти препорачуваат 150 до 250 минути вежбање неделно и до еден час дневно со умерено интензивни аеробни вежби за да помогнат во спречување на зголемување на телесната тежина или да постигнат умерено губење на тежината.
Симптомите на депресија во студијата беа ублажени кај пациентите без оглед дали во групите за вежбање го достигнале препорачаниот минимум од 150 минути вежбање неделно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.