Новинарката Мери Јордановска, со поддршка за она што денес го зборува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за дивоградбите во Чаир.
Вели дека ако се зборувало за Кочани така како што градоначалничката денес зборува за Чаир, можеби немало да се случи таква несреќа.
„Арсовска го кажува тоа што некогаш некој требало да го каже за Кочани. За небезбедната дискотека, за нелегалниот бизнис со дискотеката, за блискоста на полицијата со газдата, за присуството на малолетници на забавите, за мижењето на градоначалниците, за спрегите на органите со криминалот. Ако сме согласни дека ужасот во Кочани се случи поради молк и нефункционирање на институциите, зошто по таквото мрачно искуство сега има таква рамнодушност кон она што го кажува Арсовска? Ако во Кочани некој навреме зборуваше така како што сега зборува Арсовска за Чаир, можеби немаше да дојде до трагедија од такви размери. Или можеби и во Кочани сите молчеле бидејќи се плашеле дека ќе им кажат дека и во другите градови се такви дискотеките и дека тоа го зборуваат за да и наштетат на власта“,напиша таа.