Aмбасадорите на земјите членки на НАТО на брифинг со Шеќеринска и Димитров

На покана на заменикот претседател на Владата на Република Македонија и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров во Владата на Република Македонијасе одржа брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО Алијансата, акредитирани во Република Македонија.
Тема беа актуелностите врзани за пристапниот процес за интеграција на Р. Македонија во Северно-атлантската алијанса и на истиот амбасадорите беа информирани за преземените чекори до сега, но и за претстојните активности во рамки на пристапниот процес за членство.
На средбата двајцата министри детално ја презентираа програмата за продолжување на реформите која претставува составен дел од процесот за пристапување на земјата во НАТО Алијансата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.