„Таргет биле над 20 илјади граѓани. Цел на прислушувањето биле над 20 илјади граѓани… Ги има сите што се општествено важни луѓе во општеството. Жално е што има многу обични граѓани што ниту се повикани ниту се општествено должни и одговорни пред граѓаните. И тие се внатре во разговорите“. Тоа беа најзастрашувачките зборови што ги соопшти Заев во сите дваесет и неколку објави на разговори.По овие зборови, колку и владини функционери да се споменуваа, бубачката со која Заев всушност стигна толку далеку и ја продолжи политичката криза дури две години беше токму во тоа дека никој во Македонија не може да биде сигурен во својата приватност и дека не може да биде сигурен во едно од основните човекови права што му обезбедуваат слободен и комотен живот. Заев го заплаши народот и тргна да ги ловите владините вештерки. Но тоа за некого може и да биде нормално, со оглед на тоа што Заев е политичар. Она што од тогаш не е нормално е дека Kатица Јанева ги заборави овие 20.000 граѓани, а доказите за нив ги има токму таа.
Не е спорно ниту, пак, треба да има некаква дилема за тоа дали треба да се даде поддршка на еден обвинител во борба против криминал, особено ако расчистува со некаква корупција, па макар тоа во време-невреме да е на специјален од типот на Јанева поставен директно по налог на странски авторитети. Но, кога еден обвинител, особено специјален кој беше најавуван и кој с` уште е „продаван“ како некој што треба да ни ја врати вербата во правдата, наместо заштита на 20.000 граѓани, си се занимава тука-таму со по некој случај против владини функционери и тоа свесно или несвесно со правни фалинки, тогаш навистина нешто не е во ред.
Притоа прес-конференциите за политичарите се најавуваат попомпезно, а самиот настан прераснува во спектакл на Јанева, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи, во кој дури и осомничените политичари стануваат ѕвезди, а оние 20.000 души не можат да се почувствуваат ни како граѓани. А обвинителствата не се за политичка елита, обвинителствата се граѓански, тие треба да постои само поради заштита на правата на граѓаните. Ако се прислушувани 20.000 граѓани, како што тврди Заев, тогаш тие 20.000 граѓани треба да ја добијат најголемата можна заштита и правда во оваа држава. Треба да знаат дека се прислушувани, треба да знаат кога Фетаи и Ристовска биле на состанокот во УБK за да ја бараат опремата за прислушување бидејќи, според нивните тврдења, со таа опрема биле снимани нивните разговори, треба да можат да реагираат ако не им се допаѓа како обвинителите ја водат истрагата или не преземаат истрага за нивниот случај. Треба с` ова треба, и не тоа само поради правичност, туку и затоа што тоа законот им го наложува на обвинителите – да ги штитат жртвите и оштетените, а со тоа и заедницата.
Kолку што една неправда се прави со сторување, толку и со несторување, со непреземање акција и со неизвршување на законските должности. Но однесувањето на специјалните обвинителки до некаде е и разбирливо, тие барем досега ја задоволуваа само правдата што им ја бараа Орав, Бејли, Гарет, Хан, Нуланд, Хајндл оти и беа одбрани од нив оти благодарение на нив имаат месечни приходи од 3.000 евра и тоа од државниот буџет… Е, таква е таа неселективна според зборовите на странциве, но многу селективна во очите на прислушуваните. Од надворешните „чувари“ на македонската правда, чист судски систем, подобни обвинители и судии толку! Јанева и толку! Граѓаните кој ги врти?
Kатерина Нешкова за ДНЕВНИКПо овие зборови, колку и владини функционери да се споменуваа, бубачката со која Заев всушност стигна толку далеку и ја продолжи политичката криза