„Абортирав пред породување, ве молам сфатете“

Една мајка од САД ја отворила душата и објаснила зошто морала да абортира во моментот кога носела близнаци.Во текот на последната дебата помеѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон, Трамп се осврнал на проблематиката со абортуси во доцен стадиум на бременоста и рекол дека тоа е недопустливо
Тогаш реагирала Алисон Дрејпер од Јута која абортирала кога имала 40 години. Објаснила дека морала тоа да го стори, а нејзината објава на Фејсбук до сега била споделена скоро 150 илјади пати.

„Еден од близнаците кои ги носев беше мртов, а другиот имаше расцеп на рбетниот мозок. Беше во толку тешка состојба што мозокот му се развиваше надвор од главата. Немаше шанси да преживее, нашите соништа беа срушени. Имав 40 години и знаев дека повеќе нема да можам да раѓам“, почнала Алисон.
Додека чекала одлука од етичкиот комитет дали нејзиниот случај е оправдан или не, со часови лежела на болничкиот под хистерично врескајќи.
„Здравјето ми беше загрозено поради мртвиот фетус. Сопругот и јас се консултиравме и со бискуп кој ни кажа да го сториме она што мораме. Ме потсети дека имам уште 6 деца на кои се уште им е потребна мајка“, рекла таа.
„Абортусот беше ужасен иако се беше сторено како што треба. Со царски рез го извадија фетусот, а бебето кое се уште беше живо набрзо почина. Дури и на докторот кој го направи зафатот му беше уасно. Потоа со години страдав од постравматски стрес“, додала Алисон.
Таа во продолжение во текстот апелирала на сите сограѓани да гласаат за оној кандидат кој на луѓето ќе им го пружи правото на слобода на било каков вид, па и на абортус.
Нејзината објава на Фејсбук со брзина на моња се раширила на таа социјална мрежа, а корисниците во главно и пружиле поддршка поради најтешката одлука која морала да ја донесе во животот.Во текот на последната дебата помеѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон, Трамп се осврнал на проблематиката со абортуси во доцен стадиум на бременоста и

Пронајдете не на следниве мрежи: