За да се интензивира „потерата“ за шпанскиот тренер и да се испрати јасна порака колку е сериозен во намерата да го доведе на „Стемфорд Бриџ“, Роман Абрамович спреми неверојатна понуда за поранешниот тренер на Барселона.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Роман Абрамович, спремил единствена понуда за Пеп Гвардиола за да го принуди да го доведе на лето во Англија.
Имено, Русинот веќе спремил тригодишен договор за Пеп, по кој Шпанецот би заработувал на годишно ниво неверојатни 18 милиони фунти.
Доколку прифати, Гвардиола ќе стане најплатениот тренер на светот, во период од три сезони би заработил неверојатни 54 милиони фунти, скоро двојно повеќе од Алекс Фергусон кој во моментов е најплатениот тренер во Англија.
Гвардиола во три прилики минатата година го одби Роман, сепак Русинот е одлучен во својата намера и нема да се откаже да од Челзи направи тим како Барселона која со многу успех ја предводеше токму Пеп Гвардиола.
„Роман и понатаму е заинтересиран за Пеп. Тој е избор број еден на Абрамович и ќе направи се за да го доведе во Англија“ потврди еден извор близок до клубот во изјава за англиските медиуми.За да се интензивира „потерата“ за шпанскиот тренер и да се испрати јасна порака колку е сериозен во намерата да го доведе на „Ст