Аце Коцевски остварил приход од 2 милиони евра за само 4 години

Свиркачите на интернет објавија дека Коцевски остварил приход од 2 милиони евра за само 4 години во неговата градежна фирма Афион, објави телевизија Алфа.Трето продолжение на скандалозните објави од свиркачи на интернет во нивните обиди да го демистифицираат кандидатот за градоначалник на Велес Аце Коцевски. Денешното продолжение е за приход од 2 милиони евра што тој го остварил за само четири години во неговата градежна фирма АФИОН. Според објавувачите, ова е само уште еден доказ дека Коцевски е милионер, а не скромен човек од средната класа каков што се претставува пред граѓаните.
Имено, според објавените документи од Централниот регистар на порталот „Џастпејстит“, во 2013 година, Афион му донела приход од без малку 250 илјади евра. Следната година, приходите речиси се дуплирале до вкупно половина милион евра, а во 2015та, ја надминува оваа сума до близу 521 илјади евра.
Минатата година Коцевски располага со средства во висина од 400 илјади евра, во кои влегуваат опремата, машините, паричните средства, побарувањата на фирмата како и вредноста на плацот.
Но не и вредноста на објектот на плацот на АФИОН. Во скандалозните објавени документи на порталот завчера, вредноста на објектот е проценета меѓу 600 и 800 илјади евра, а со него, фирмата на Коцевски вреди вкупно еден милион евра.
Но во финансискиот приказ не се ставени новите објекти на плацот на Афион, оти за нив нема имотни листови, односно, според свиркачите – тие се дивоградби – изградени на места на кои според планот требало да има зелена површина.
Коцевски трет ден одбива да ни ги објасни објавените документи. Но во гостување во живо на една од националните телевизии синоќа, не можеше да го избегне прашањето. Кусо одговори, ама само за објектите без имотен лист, демантирајќи дека тие се дивоградби, ами дека станувало збор само за две тенди – без воопшто да ја спомне зелената површина што требала таму да постои.
Инаку според денешната објава, Кoцевски поседува 10 моторни возила – дел патнички, а дел товарни.
„Во оваа милионска сума се работи само за имотот на фирмата АФИОН. Овде не е прикажана вредноста на неговиот друг недвижен имот, а кој вклучува семејна куќа во Велес, куќа во с.Мартолци и станбените и деловните објекти во неговото семејство.“, објавуваат свиркачите.Трето продолжение на скандалозните објави од свиркачи на интернет во нивните обиди да го демистифицираат кандидатот за градоначалник на Велес Аце К

Пронајдете не на следниве мрежи: