Се наоѓаме на еден долг пат, се наоѓаме во последната битка за Македонија, немаме што да изгубиме и затоа после сите закани пак сме тука и ќе бидеме уште 60 и 60 и 60 дена, истакна професорката Виолета Ачковска, која се обрати пред големиот број граѓани насобрани пред Собранието на РМ.Не дозволуваме државни удари во оваа држава, рече Ачковска која од првиот ден е поддржувач на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и додаде:
„Народ кој не си ја запознал својата историја личи на недорастено дете, па непознавајќи ја историјата некои одат по странските центри и повикуваат воспитувачи да им кажуваат што да прават. Ние сите кои сме овде си ја знаеме нашата историја и нашата поука- свесни сме дека имаме само еден куршум, тој куршум е нашето единство. Ние немаме друго оружје да се избориме против овие силни авети кои се создаваат од сите страни и внатре и надвор, имаме само еден куршум- единството.“
Македонија, потенцираше професорката, е нашата мајка, нашиот дом и не ја даваме никому. Не дозволуваме државни удари во оваа држава, рече Ачковска која од првиот ден е поддржувач на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и додаде: