Претседателот на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев денес излезе со став за низата реакции во јавноста по лустрирањето на повеќе академици на МАНУ.
Последната прозивка до Аџиев беше од младината на СДСМ, на која тој одговара по писмен пат. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме ставот на Аџиев.
-Немам против младината на СДСМ да купуваат книги од Славко Јаневски и Божин Павловски и јас ги имам дома тие книги. Лустрацијата не го оспорува нивното книжевно дело. Би им порачал само на младината на СДСМ патем, додека читаат од книгите на овие автори нека ги прочитаат и нивните досиеја, кои се објавени, ќе биде поучно за сите. Така ќе навлезат во суштината на карактерот на нивните херои автори и ќе може послено да го разберат периодот во кој твореле, се вели со писмениот став на Аџиев.Претседателот на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев денес излезе со став за низата реак