Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од 27 април, штрајкува со глад во затворот во Шутка. – Психички е стабилен, но како реакција на неправдата што му е нанесена со определување на мерката притвор, како и товарење за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ донел одлука да штрајкува со глад, изјави за МИА адвокатот на Чавков, Петар Василев.
Тој информира дека попладнево го посетил Чавков во затворот, откако побарал вонредна посета и добил дозвола од судијата.
– Неговата здравстена состојба е нарушена за што знаеше и Судот на кого при распитот за определување на мерките му беше доставена детална медицинска документација, рече Василев.
Тој појасни дека Чавков има проблеми со срцето и додаде оти имал вграден стент. Според препораките на сите медицински лица, како што рече, тој потребно е да пешачи секој ден од осум до десет километри.
Најави дека утре ќе побараат вонреден лекарски преглед со кој ќе се утврди вистинската здравствена состојба. Чавков се согласил да биде прегледан. Василев очекува мерката од притвор во затворски услови да биде земенета со куќен притвор. Попладнево Чавков во затворот го посетил и еден член на семејството.– Психички е стабилен, но како реакција на неправдата што му е нанесена со определување на мерката притвор, како и товарење за кривичното дел