Адвокатот на Савески лажел дека Народната канцеларија на Иванов не е во државна сопственост

Адвокатот на Здравко Савески, Сашо Дуковски денеска се обиде да ја манипулира македонската јавност со тврдење дека државата не била сопственик на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, која неколку пати беше демолирана од страна на опозициските вандали и хулгани.Судот денеска им го укина домашниот притвор на членовите на партијата „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски и им одреди мерки на претпазливост. По ваквата одлука, изјави за медиумите даде адвокатот на Савески, Сашо Дуковски кој рече дека државата барала отштета за уништување на канцеларијата на Иванов, а не била сопственик на објектот.
-Другата работа е сопственоста на тој протстор. Согласно имотните листови извадени од агенцијата за катастар од денеска, никаде не стои дека сопственик на канцеларијата е Република Македонија. Епа како Република Македонија бара штета за градежните работи, кога согласно имотните листови не е сопственик, рече Дуковски.
Дека Дуковски свесно или несвесно ја манипулира јавноста може многу лесно да се провери. Доказ дека Народната канцеларија во Скопје на претседателот Иванов е во сопственост на Република Македонија лесно може да се најде на официјалниот сајт на Катастар, каде што треба само да се внесе бројот на имотниот лист.
Судот денеска им го укина домашниот притвор на членовите на партијата „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски и им одреди мерки н

Пронајдете не на следниве мрежи: