Жито Маркети го отвори и својот нов маркет во општина Аеродром. Маркетот е лоциран на булевар Јане Сандански 12 и се простира на површина од 200 метри квадратни. Во него работи тим од 7 вработени на 4 наплатни каси. Овој маркет категоријата на дисконти и од другите се разликува по својот пакет систем.„Отвораме дисконт продавница која е според барањата и потребите на потрошувачите и во согласнот е со современото живеење. Одличната услуга, ниските цении квалитетот на производитешто ги нудимевеќе се докажана политика на нашата компанија, а воедно се и дополнителни придобивки за купувачите. Тука граѓаните ќе можат да си набават се она што им е потребно за секојдневното живеење, а во овој период од годината и за прослава на новогодишните празници“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.
Денот на отварањето беше одбележан со голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи. Гостите што беа на отварањето се уверија и во големиот број попусти, а голем дел од нив ја искористија и својата Жито лојална картичка „Навика да добивам повеќе“ со која се добиваат и дополнителни бенифиции при купувањето.
Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 22:00 часот навечер, а во недела од 07:00 часот наутро до 14:00 часот напладне.
„Отвораме дисконт продавница која е според барањата и потребите на потрошувачите и во согласнот е со современото живеење. Одличната услуга, н