На денешната, 7.8.2016 година, вонредна седница на Советот на Општина Аеродром беше донесена одлука за донирање финансиска помош за санирање на последиците од елементарната незгода на подрачјето на Општина Гази Баба во висина од 3 милиони денари.Ова е само дел од активностите што во текот на денешниот ден ги спроведе Општина Аеродром, по катастрофалното невреме што го зафати Скопје, при што имаше причинета материјална штета и на нејзината територија.
Имено, екипа на Општина Аеродром, предводена од градоначалникот Ивица Коневски, излезе на терен на поплавените подрачја. Притоа, беше формирана комисија за утврдување на штетите настанати од поплавата на територијата на Општина Аеродром.
Исто така, екипи на Општина Аеродром почнаа да градат насип со вреќи со песок покрај Усјанскиот канал, кој се излеа во текот на невремето и поплави неколку околни куќи.
За санација на свлечиштето што се појави покрај булеварот „Трета македонска бригада“, пак, ставени се сите расположливи средства и е издадено решение до изведувачот да ги санира последиците, а екипи на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен за отстранување на дефектот, така што се очекува до крај на денот двете згради кои останаа без вода да бидат повторно снабдени.
Општина Аеродром, исто така, ги отвори и основните училишта на нејзина територија за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја, така што граѓаните ќе може да донираат хуманитарна помош секој ден од 08:00 до 22:00 часот, при што најнеопходни се флаширана вода и храна.Ова е само дел од активностите што во текот на денешниот ден ги спроведе Општина Аеродром, по катастрофалното невреме што го зафати Скопје, при што