Аферата платеничка револуција каде со пари од Сорос раширени низ чадор на десетици невладини организации се финансираат протести, фингирани вести, јавни настапи и деструктивни активности на опозицијата навлегува длабоко во општеството и како канцер е раширено низ огромен број на јавни сфери, пишува НетПрес.На платеничкиот список се наоѓаат политичари, јавни личности, граѓански активисти, платени експерти, судии, новинари, уредници на весници, блогери. Нивната задача е креирање на фиктивна слика за непостоење на слобода и демократија и преку насилен пат рушење на демократски избрана власт. Бројчаникот на платениците неограничено вртел и се одлевале милиони. Но, сега е разоткриена мрежата на кој начин функционирала опозицијата и недемократскиот начин на кој СДСМ од една страна глумејќи жртва, а од друга страна силно корумпирајќи ја секоја пора од општеството сака да се дограби до власта.
Жарко Трајановски на протест пред Влада
Меѓу стотиците кои инкасирале пари за својот активизам е и Жарко Трајановски од ГЕМ клубот. Тој на пример во 2014-та година земал близу 60 илјади денари бруто приход од соросовата ФОРУМ ЦСИД.
Суад Мисини штрајкуваше со глад пред Собрание
Истата година од Македонскиот центар за европско образование пари земал и аналитичарот Суад Мисини кој инкасирал по 13.667 денари. Ова покажува дека не беше за џабе штрајкот со глад кој Мисини го практикуваше неколку дена пред македонското собрание.
Влатко Станковски Васиљ на протест пред Влада
На платеничкиот список на соросовиот Македонски центар за европско образование се наоѓа и блогерот Влатко Станковски Васиљ, кој својот активизам го вреднувал по 81.730 денари.
Статус на Андреја Стојковски за кризата воМакедонија
Андреја Стојковски од МЦЕО кој често во јавноста ги застапува ставовите на СДСМ и опозицијата минатата година инкасирал 895 илјади денари, а во 2014-та година инкасирал 1.054,103 денари од истата организација.
Статус на Блажен Малески на Твитер
Дека и протестите на пленумите предминатата година беа директно финансирани од соросовите организации покажуваат приходите на Блажен Малески, член на Студентскиот пленум кој во 2014-та година заработил 356.796 денари од Реактор Скопје, а пари заработила и Тања Малеска од истата организација заработила 1.453,528 денари.
Пари земала и поранешниот член на антикорупциска Вања Михајлова која минатата година од соросовата Транспарентост заработила 324.222 денари, а 2014-та околу дополнителни 126 илјади денари. Снежана Трпеска од Македонскиот институт за медиуми земала по 6.666 денари од Центарот за развојот на медиуми.
Стојановски Филип од Метаморфозис
Јагода Шахпаска
На платниот список се наоѓа и пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска од СДСМ која од ХЕРА заработила 17.853 денари, додека Стојановски Филип од Соросовата Метаморфозис заработил над 945 610 денари.
Продолжува платеничката револуција и на полето на новинарството. Имено новинарката Гордана Дувњак од Утрински весник, која е дел и од ЗНМ, земала во 2015та година пари од Центарот за развој на медиуми, а пари земал и нејзиниот син Стефан Дувњак од соровата МЦЕО во 2014та година во износ од по 23 333 денари.
Гордана Дувњак, Светомир Шкариќ и Радмила Шекеринска
Вистински рекордери по приходите се вработените во СОРОС Македонија. Освен Милчин, Фани Каранфиловска таму високи приходи има и Зоран Цали, кој како административен директор во 2014-та година земал речиси 3 милиони денари поточно бруто приход од по 2.914,462 денари, а минатата година остварил приход од огромни 3.226,704 денари, додека Сунчица Костовска-Петровска, Директорка на програма во Сорос Македонија земала 2.091,079 денари во 2014-та година.
На платеничкиот список се наоѓаат политичари, јавни личности, граѓански активисти, платени експерти, судии, новинари, уредници на весници, блогери.