Агенцијата за филм на Република Македонија ги демантира тврдењата на портпаролот на СДСМ, Шилегов во однос на одобрените проeкти по објавениот Конкурс за финансирање.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата
Тврдењата се апсолутно неосновани и тенденциозни, без да се земе предвид дека проектите по Конкурсот, Агенцијата за филм ги одобрува согласно законската регулатива, а притоа без да се направи конкретна анализа и констатација дека токму во филмската дејност никогаш не се поддржувале проекти на партиска основа.
Исто така сакаме да напоменеме дека постапките по конкурсите од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија секогаш се во согласност со законските прописи со кои се регулира филмската дејност. Истите се засноваат на начелата транспарентност, отвореност на постапката при објава на конкурс како и при доделување на средствата, непристрасно одлучување и оценување согласно критериумите и мерилата утврдени во законски, подзаконски и интерни акти на Агенцијата и објавениот конкурс. Во самата постапка на евалуација учествуваат повеќе органи во состав на Агенцијата и тоа: Филмски рецезенти, Филмски совет, Финансиски советник и Управен одбор кои евалуациите по пријавените проекти ги вршат врз основа на член 27 од Законот, условите утврдени во Конкурсот и Правилникот за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмските проекти од национален интерес во филмската дејност („Службенвесникна РМ“ бр.97/14).
Во оваа прилика, неизбежно е да се напоменат заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура за континуран развој на филмската дејност во Македонија.
За тоа говорат фактите, односно 223 поддржани филмски проекти од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија во период од 2008 до 2015 година. А тука би напоменале дека само во овој период во категоријата на долгометражни играни филмови (72 филма) се издвоени вкупно 1.598.645.706 денари или 25.944.239 евра.
Што се однесува до одобрениот проект, потенциран од страна на г-нот Шилегов, навистина е жално да се слушнат вакви обвинувања кои се сведуваат само на краток увид во објавените резултати по конкурсот и наведувањето на името Диме Ратајковски. Доколку во тој увид обрневте повеќе внимание ќе заклучевте дека одобрениот филмски проект Боите на Преспа-Птици е проект во чија реализација ќе учествува продуцентската куќа Карма Икс Ел, режисер на филмот е Перо Попов, а сценариото е на Диме Ратајковски. За овој филмски проект се одобрени средства во износ од 2.000.000 денари и средствата се доделени врз основа на буџетот доставен со пријавата на конкурс. Ова значи дека средствата за кои вие говорите ниту можат ниту пак ќе бидат дадени на лицето Диме Ратајковски, односно ова лице само ќе добие хонорар за своето сценарио.
На крај, поразителен е Вашиот негативен однос кон една многу значајна тема која се осврнува на нашето национално природно богатство, односно на животинскиот свет во Преспа и живописните предели околу Преспанското езеро и следење на животниот циклус на најкарактеристичните видови птици од овој регион. Наместо критики и негативни конатации подобро би било да се осврнете на исклучителното значење на овој специфичен филмски проект.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата
Тврдењата се апсолутно неосновани и тенденциозни, без да се земе предвид дека проекти