Агенцијата за млади и спорт денеска додели ваучери за петте најдобри млади програмери, што се избираат трета година по ред во рамки на заедничкиот проект „Најдобар млад програмер“ со Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ и Здружениетo на информатичари на Македонија.Првите три места и 40.000 денари отидоа кај Владимир Максимовски, Филип Михов и Марко Чаласан, додека пак Димитар Бајрактаров и Мартин Динев се добитници на ваучери од по 20.000 денари. Дополнително најдобрите млади програмери ФИНКИ ќе добијат стипендии за бесплатно студирање на факултетот.
Директорот на АМС Марјан Спасески, изјави дека проектот е дел од напорите на Агенцијата за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да ги стимулираме младите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки.
– Проектот започна со реализација во текот на декември 2015 година со спроведување на караванот по средните училишта во Република Македонија, со цел промовирање на проектот и информирање на средношколците за самиот натпревар, истакна Спасески.
Посочи дека годинава од буџетот на АМС наменети 160 000 денари за награди за најдобрите.
На натпреварите годинава учествуваа преку 500 учесници, а најдобрите беа избрани од страна на стручната комисија формирана од Здружението на информатичари на Македонија.
Најдобрите шестмина, како што информираат од АМС, ќе не претставуваат на претстојната Балканска Олимпијада во јуни во Молдавија Интернационалната Олимпијада во јули во Иран.Првите три места и 40.000 денари отидоа кај Владимир Максимовски, Филип Михов и Марко Чаласан, додека пак Димитар Бајрактаров и Мартин Динев се доб