Најдобрите млади програми кои учествуваа на Интернационалната олимпијада по информатика од 17 до 18 август годинава во Казан, Русија, денеска се сретнаа со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.Како што информираат од АМС, младиот програмер Владимир Максимовски (17) освои бронзени медал во конкуренција на 308 ученици од 86 земји.
Изборот на млади програмери се врши преку проектот „Најдобар млад програмер”, каде во конкуренција на преку 400 учесници се врши филтрација низ регионални и државни натпревари. Натпреварот за „Избор на најдобар млад програмер” е во организација на Здружението на информатичари на Македонија, а во соработка со Агенцијата за млади и спорт.
Скопје од 17 до 22 септември годинава ќе биде домаќин на Балканската јуниорска олимпијада по информатика, во организација на Здружението на информатичари, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за информатичко општество. На настанот, како што е најавено, ќе учествуваат 40 млади информатичари до 15 години од целиот Балакан.Како што информираат од АМС, младиот програмер Владимир Максимовски (17) освои бронзени мед