Во насока на размена на мислења, ставови, идеи и предлози за подобрување на работата на сите чинители во спортот и продлабочување на соработката помеѓу Агенцијата за млади и спорт и Националните спортски федерации, периодов во просториите на АМС се одржуваат редовни средби помеѓу раководството на АМС и челниците и претставниците на спортските федерации. Средбите се дел од континуираната соработка помеѓу институцијата задолжена за работите во областа на спортот и федерациите, чија законска обврска е меѓу другото поттикнување и унапредување на соодветниот спорт, организирање на системот на натпревари, усовршување на стручните кадри во спортот, но и за составување и грижа на државните репрезентации.
На состаноците се разговараше за тековните проекти и програми на федерациите, плановите за работа и меѓународните активности, како и за тековните проблеми и предизвици со кои се соочуваат, а воглавно се однесуваат на финансиските проблеми, како и просторните услови, за кои мора да плаќаат кирија. Претставниците на спортските федерации ја поздравија и поддржаа активноста на АМС за развојот на спортската инфраструктура, но истовремено беше потенцирано дека неопходно е да се зголемат и директните инвестиции во спортскиот систем, а беа предложени и конкретни идеи со дополнителни даночни ослободувања за фирмите кои ќе донираат и спонзорираат во спортот, моделите на дополнителни буџетски приходи преку зафаќање во акцизите и игрите на среќа, како и идејата за основање на Фондација за развој на врвниот спорт.
Средбите се дел од активностите на АМС за тековно консултирање и размена на идеи со спортските федерации, како столбови на спортскиот систем во државата.Средбите се дел од континуираната соработка помеѓу институцијата задолжена за работите во областа на спортот и федерациите, чија законска обврска е