Софи Лодер (23) вели дека на пораѓање отишла повеќе од 100 пати, но само еднаш родила.Софи е родена со две на матки, што значи дека секој пат кога ќе добие месечен циклус, се пораѓа. Во тие денови на месецот таа добива породилни болки кои траат дури по 72 часа. Контракциите се страшни, бидејќи нејзината втора матка и се полни со крв, и е потполно исто како во неа да има бебе кое по девет месеци излегува.
Единственото нешто што и помага да се справи со болката се вежбите за дишење.
– Бев на пораѓање повеќе од 100 пати, но само еднаш навистина родив. Кога велам дека боли, тоа не е доволно. Имав само 13 години и прв пат ги осетив контракциите, никогаш претходно не сум почувствувала толку силна болка и воопшто не бев свесна што се случува. Тоа беше страшно, дури и докторот помисли дека би можела да бидам бремена – вели Софи.
Таа живее со своето момче и нивниот две годишен син Чејс.
– Кога го родив Чејс, бев под анестезија за царски рез, па за жал не можам да споредам вистинско раѓање со моите лажни контракции. Јас не би сакала ниту една жена да го преживува ова. Едно раѓање е повеќе од доволно.
Кога на 13 години го добила првиот менструален циклус, на лекарите им требало неколку месеци за да откријат зошто таа има катастрофални болки. Потоа дознале дека таа има две матки и дека левата матка е здрава, но дека десната секој месец се полни со крв и го „лаже“ нејзиното тело да добива контракции како при раѓање.
– Повеќе од 30 пати бев во болница, бидејќи не можев да се справам со симптомите, вели Софи.
На крајот, лекарите не успеале да најдат решение туку само упеале да научат како да ги контролира контракциите со вежби за дишење кои жените ги користат при вистинско раѓање. Софи е родена со две на матки, што значи дека секој пат кога ќе добие месечен циклус, се пораѓа. Во тие денови на месецот таа добива п



