Агрофуд „облечен“ во ново руво и со повеќе од 15 илјади посетители ја најави есента во Македонија

Главоболките околу подготвувањето на традиционалната зимница и немањето на слободно време поради модерниот начин на живот ги натераа граѓаните се почесто да размислуваат за купување на зимница отколку за нејзино подготвување. Токму продажниот аспект и присуството на неколкуте најпознати компании за подготовка на традиционални македонски производи и зимница беше поттик граѓаните во голем број да го посетат Меѓународниот саем за широка потрошувачка, Агрофуд 2015.Повеќе од 15 илјади задоволни посетители од 1-ви до 4-ти октомври дојдоа во првата хала на Скопски саем каде се снабдија со по неколку тегли зимница и притоа ги дознаа сите тајни на органските производи кои во последно време станаа хит во нашата држава. Токму органските производи кои беа презентирани исклучиво од македонските органски производители беа големиот новитет оваа година на „Агрофуд 2015“ кој ги воодушеви присутните.
Имено, во Македонија расте потрошувачката на органска храна, а со тоа расте и производството и преработката на органски производи. Штандот на IME (Програма за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската Агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact и Преда Плус), која ги помага македонските производители на органски производи, беше вистинска можност сите граѓани да се запознаат со органските производи, да ги пробаат и да ги дознаат придобивките за нашето здравје.
На изложбено – продажните штандови освен прехранбените производи како храна, пијалoци и стоки за широка потрошувачка се најдоа и најразновидните и најнови машини и опрема за пакување и внатрешен транспорт, кои исто така го привлекоа вниманието на присутните.
„Агрофуд 2015“ „облечен“ во ново руво на прекрасен начин ја најави есента со најдоброто од Македонија.Повеќе од 15 илјади задоволни посетители од 1-ви до 4-ти октомври дојдоа во првата хала на Скопски саем каде се снабдија со по неколку тегли зимниц

Пронајдете не на следниве мрежи: