Агусин Алмодобар: Груевски е човек од збор со одлични проекти

Задоволство е лично да се види големиот напредок кој го постигнавте за Македонија да стане напредна земја и една од најпосакуваните во годините кои следат. Извонредна земја со огромен потенцијал и луѓе кои и во ладни услови успеваат да напредуваат. Имате огромен потенцијал и иднина која многу ветува, но за тоа е неопходна следна недела сите да излезете да гласате. Да ги поканите вашите родни и пријатели да гласаат за оваа земја и партија, порача од митингот во Општина Центар, сенаторот од Шпанија од Европската народна партија, Агусин Алмодобар.Политиката која ја води нашата партија го следи моделот на европски идеали исто како што и Шпанија е предводен од народна партија на Рахој, а тоа е да се бориме за нови работни места и иднина за сите особено за младите, рече тој.
-Обезбедување на основни услови, како здравство и образование кои ќе ви донесе идни образовани генерации. Поддршка на претпријатијата во секторите кои имаат најголем потенцијал за да се придонесе кон нови вработувања за Македонија да биде привлечна европска земја, како што е секторот на туризмот. Јас доаѓам од земја во која годишно има повеќе од 70 милиони туристи и верувајте кога велам дека поддршката на овој сектор значи развој и модернизација на земјата. Но не само поддршка за туризмот или било кој друг производствен сектор, туку и визијата кои што ја имаат членовите на европската народна партија кој ќе донесе иднина и просперитет на Македонија, рече Алмодобар.
Вашите успеси во економскиот раст и вработувања се препознаваат и ги пофалуваат сите, направени во страшните години на европска криза.
-За Шпанија, Македонија е пријателска земја на која и веруваме, со која имаме многу заеднички работи со која одржуваме блиски односи од 1994 година кога воспоставивме дипломатски односи. Во текот на овие години нашите врски се зацврстија и се на цврста основа и делиме исти принципи и верувања. Секогаш сме ја поддржале Македонија кон евроатланска интеграција. Шпанија во Македонија ја претставуваат неколку одлични и високо конкурентни фирми. Постои и голема шанса да се зголеми нашето присуство. Затоа на Европа и треба Македонија која е силна и цврста која се справува со сериозни предизвици и има корисни политики за вашите граѓани, како што се вашите реални и остварливи предлози кои ги штитат сите граѓани во земјата, рече тој.
Додаде дека Македонија е водена од Груевски кој работи за сите во создавање мостови меѓу сите и останатите земји членки  на унијата.
-Ние сме симбол кој го претставува во цела Европа. Иднината и се гарантира и секаде каде што владееме има благосостојба, како во Шпанија со лидерот Рахој. Исто како што треба да биде следната недела во Македонија со вашиот лидер Груевски. Не се сомневам дека Груевски ќе биде најдобар за да продолжи напорно и посветено да придонесува за вас затоа што има реални проекти и политики за подобар и поквалитетен живот за сите. Ја има целата наша поддршка бидејќи покажа дека начинот на владеење дава одлични резултати. Груевски е човек од збор со одлични проекти и преокупиран за приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ и е пример за многу  други европски политичари. Затоа во недела сите гласајте и да победиме, порача Алмодобар.Политиката која ја води нашата партија го следи моделот на европски идеали исто како што и Шпанија е предводен од народна партија на Рахој, а тоа е

Пронајдете не на следниве мрежи: