Има многу стереотипи со кои се среќаваат жените, а освен изгледот и однесувањето дури и со некои и реченици кои ќе ги кажат им се придаваат „поинакви“ значења. За се биде атрактивен за некои значи „да се биде глупав“, да сакате романтични комедии е исто како да сте „плитки“.Понекогаш се чини дека во каналот на комуникацијата помеѓу мажите и жените нешто сериозно шушка. А посебно стереотипите им се препишуваат на некои одредени однесувања.
Издвоивме неколку ситуации во кои жените и нивното однесување неретко се погрешно протумачени.
1. Доколку се однесуваат убаво и при тоа се смеат сигурно флертуваат
Понекогаш мажите обичниот пристоен разговор со жена, која понекогаш ќе се насмее, го сфаќаат како флерт или додворување. Во најмала рака веруваат дека сигурно е заинтересирана за романса.
2. Доколку сакаат да разговараат да речеме за видео игри, всушност сакаат само да импресионираат
Кога жените разговараат со мажите на теми, кои тие ги сметаат како „свои“ неретко ќе помислат дека понежната половина само глуми и сака да ги импресионира.
3. Доколку доживеале оргазам сигурно не глумеле
Заслугата за огразмот во сексот им припаѓа на нив и дефинитивно не глумела.
4. Доколку се емоционални или вознемирени сигурно се во ПМС
Жените како никогаш да не смеат да бидат нерасположени, вознемирени поради работа, некоја ситуација со пријателка или слично. Доколку сме нерасположени за мажите прва асоцијација е ПМС.
5. Доколку се средени сигурно го прават тоа поради маж
Жените се облекуваат убаво поради себе, па дури можеби и поради пријателките со кои со задоволство ги коментираат трендовите, облеката или пак хит намалувањата. И доколку секако сакаат да им се допаднат на мажите, што тие го сметаат за единствена и главна причина за одличен стајлинг.
6. Доколку кажат „добро сум“ тоа значи „спреми се за ураган емоции“
Понекогаш изјавата добро сум не значи пасивно агресивна комуникација. Сигурно.
7. Доколку се насмевнат на бебето на пријателката сигурно сакаат бебе
Веројатно не се обидуваат да имплициртаат ништо, туку само го изнесуваат своето мислење за слатко мало бебенце. Кога ќе сакаат да преминат на ново ниво во врската и да имаат потомство не се сомневаме дека отворено ќе го кажат тоа.Понекогаш се чини дека во каналот на комуникацијата помеѓу мажите и жените нешто сериозно шушка. А посебно стереотипите им се препишуваат на некои



