Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска изјави дека центри кои не и мислат добро на Mакедонија ја втурнале државата во криза. Иако не откри за кои центри станува збор, лидерот на ДУИ ги нарече егоистични и регресивни сили кои работат против развојот на земјата. Независно од ова, Ахмети е уверен во победа на ДУИ на изборите на 11 декември.
-Можевме да сториме многу подобро ако не се соочевме со криза, можеби и планирана и предвидена од центри кои не сакаат оваа земја да оди напред, кои не сакаат оваа земја да го заземе заслуженото место во регионот и Европа, но и во светот. Постојат егоистични и регресивни сили кои ги интересира стагнирањето и кочењето на натамошниот развој, истакна Ахмети.
Обраќајќи се до новоформираните албански опозициски партии БЕСА, Унитети, ДР-ДПА, Ахмети порача:
– Не се занимавајте со нас, туку посветете време и eнергија на промоција на вашите платформи и програми!
IZJAVA ALI AHMETI 6 11 by 24vestiИако не откри за кои центри станува збор, лидерот на ДУИ ги нарече егоистични и регресивни сили кои работат против развојот на земјата. Независно о