Ахмети не го издржа притисокот, на ред се Села и Беса

Али Ахмети не ги издржа притисоците и ретерираше од тиранската платформа. Откако во една изјава штуро најави дека само дел од тиранската платформа ќе бил вклучен во програмата на новата влада, синоќа во изјава за медиумите уште појасно забележи дека се задоволил со трошки и дека отстапува од тиранската платформа, откако Зоран Заев беше присилен да потпише изјава со гаранции кај претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, за да го добие мандатот за формирање влада.-Таа декларација е во корист на Република Македонија и регионот и опфаќа важни прашања како што се членство во НАТО и ЕУ, економски развој, рамноправен развој на сите региони што значи нема ништо лошо. И главните точки од таа платформа се опфатени во владината програма. Но има прашања од оваа платформа за кои ќе има јавна дебата и не е некоја тајна дека за тие прашања кои сме ги покренале таму во иднина ќе се претставуваат и како иницијативи кои ќе се дискутираат во јавноста – изјави Ахмети.
Аналитичарите ова негово попуштање го толкуваат и како најава на стратегијата на парламентарното мнозинство: да бидат помеки во барањата сега, за да може да се реализира планот за промена на името на државата, за после да продолжат со спроведување на сите точки од тиранската платформа која во кабинетот на Еди Рама ја потпишаа четирите партии на етничките Албанци од Македонија.
Покрај Ахмети, со ретерирачки тон како по договор синоќа настапи и Зијадин Села, а истото се очекува да се случи и со ставот на Беса, движењето што цело време инсистира на редефинирање на Македонија.
За потсетување, тиранската платформа доби на важност откако Зоран Заев изјави дека тој и СДСМ имаат позитивен став кон оваа платформа, во која се содржани барања за прогласување на Македонците за геноциден народ, формирање на двојазична и бинационална држава и отворање дебата за промена на знамето, химната и државниот грб на Република Македонија.
Ваквиот став на Заев кон апсурдните барања на партиите на етничките Албанци од Македонија наиде на жесток одговор од многу страни загрижени за независноста, суверенитетот и унитарноста на Република Македонија.
Граѓаните започнаа да протестираат преку неформалната иницијатива За Заедничка Македонија, која бараше сите политички чинители да ја отфрлат тиранската платформа како документ кој е создаден во друга држава, документ кој се појави после изборите и има за цел да ја фалсификува изборната воља на граѓаните и документ со содржина која е штетна за Македонија на долгорочен план.
Претседателот Иванов одби да му го додели мандатот на Заев на почетокот на март, токму поради тиранската платформа:
 -Ниту Уставот, ниту совеста не ми дозволуваат да дадам мандат на некој кој ја руши независноста и сувереноста. Платформата подготвена од туѓа држава е пречка да му го дадам мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев – рече тогаш претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќање до граѓаните
После жестокиот отпор на граѓаните преку 80-дневните протести на граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија, за време на кои се случи и скандалозниот нелегален т.н. избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на РМ, беше јасно дека единствен начин за Заев да го добие мандатот беше да потпише изјава со гаранции кај претседателот Иванов со која гарантира дека нема да се дозволи никакви платформи и декларации да бидат дел од владината програма. Тоа и се случи, после што се чекаше одговорот на албанските партнери на Заев на неговите гаранции кај Иванов.

Ахмети и ДУИ првото ретерирање го направија уште тогаш, иако претходно најавуваа дека без поддршка од Заев за тиранската платформа нема поддршка за формирање влада. Зијадин Села рече дека ако се откаже од тиранската платформа се откажува од иднината на своите деца, а Беса ги повторуваше барањата за редефинирање на Македонија. Денес, ДР-ДПА на Села веќе започна да се повлекува од реториката, а истото се очекува и од Беса. Сето ова е аналитичарите го коментираат како обид на тиранската коалиција да го одложи спроведувањето на платформата во името на некоја повисока цел за нив, а таа цел може да биде само името и идентитетот на Македонците, единствената пречка за ЕУ и НАТО интеграциите на кои сега е ставен фокусот во реториката на Ахети, Села и Касами.
 
 
 
 
 

 
По потпишувањето на изјавата со гаранции на Заев кај Иванов, со свој став се јави и ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција заменикот-претседател на партијата Никола Тодоров изјави:

– Вложените напори за заштита на државните и национални интереси вродија со плод. Политичкиот отпор на ВМРО-ДПМНЕ и 80 дневните најдолги и најмасовни протести на стотици илјади граѓани низ целата држава резултираа со неопходните гаранции дека нема да се наруши унитарниот карактер на мултиетничка Македонија. Народот се спротистави на сите најави за менување на банкнотите, двојазичните униформи и најавите дека Македонија ќе биде прогласена за геноцидна држава.

Легнувањето на брашното на ДУИ, ДР-ДПА и на Беса значи дека во владината програма која ќе ја презентира Заев не се очекуваат многу елементи од тиранската платформа за да не дојде до нов жесток одговор на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ, односно да не му се даде оружје на претседателот Иванов да ги блокира законите кои се од интерес на тиранските партнери во владата на Република Македонија.
Ахмети и Села ќе претставуваат дека делови од платформата има во владината програма „и тоа најважните“ притоа истакнувајќи ги оние најбенигни елементи на штетниот документ потпишан кај Рама како што се ЕУ и НАТО интеграциите. Заев од друга страна ќе се обидува да ја излаже јавноста дека тиранската платформа никогаш не постои во владината програма, и покрај сите претходни изјави во кои лидерот на СДСМ повторуваше дека за него платформата е позитивна, како и дека во неа нема ништо лошо.
Бујар Османи и Артан Груби кога ја актуализираа платформата ја претставуваа како историски успех на Албанците од Македонија, најавувајќи двојазичност на целата територија, двојазични пари, униформи. Претставници на ДР-ДПА изјавуваа дека Заев инстантно се сложил на двојазичноста во целата држава, што впрочем и тој го најавуваше во време на изборната кампања.

Сега соочени со притисокот од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Иванов, сите партнери од парламентарното мнозинство ќе отстапат од барањата во моментот за да дојдат во позиција да го решаваат клучното прашање од големиот план: ЕУ и НАТО интеграциите, или по народски кажано – промена на името на Република Македонија. Проценката и на планерите и на тиранските партнери е дека за тоа им треба „здрав Заев“, а тоа нема да се случи ако инсистираат на тиранската платформа од самиот старт, поучени од отпорот кој против овој срамен документ се јави во Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ знае колку тежи зборот на Зоран Заев. Безброј пати Заев едно зборувал, а друго правел. Безброј пати Заев едно ќе кажел вечерта, а веќе друго кажува следниот ден. Затоа ВМРО-ДПМНЕ будно ќе ја следи неговата работа и нема да дозволи од какви било причини да отстапи од гаранциите кои ги даде – рече Никола Тодоров на прес-конференцијата откако Заев го доби мандатот на 17 мај.

Ова им е очигледно јасно и на сите партнери од тиранската коалиција кои не го издржаа притисокот и ретерираа од платформата: Заев со гаранциите кај Иванов, а Ахмети и Села со изјавите во кои одбегнуваат и да ја спомнат платформата. Но, на граѓаните им е јасен и обидот за нова игра и нова измама чија крајна цел е онаа ултимативната: промена на името на Република Македонија.
Едногласен став на познавачите во однос на ова е следниот: Ако некој очекува дека граѓаните тоа ќе го дозволат без реакција, многу се излажал.
 -Таа декларација е во корист на Република Македонија и регионот и опфаќа важни прашања како што се членство во НАТО и ЕУ, економски развој, рамнопр

Пронајдете не на следниве мрежи: