Невозможно е годинава да има избори, бидејќи за да има избори наесен, до 1 јули треба да имаме влада за организирање на изборите, а тоа е невозможно да се случи.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за тетовската тв Арт вели дека до крајот на оваа година невозможно е да се организираат и спроведат избори. Тој потенцирал дека лидерската четворка има договор датумот за избори да го прецизира до декември.
„Договорено е со почетокот на декември да има согласност од страните кога ќе треба да се одржат изборите. Дали ќе се одржат во 2018 или 2017, тоа не можам да го прогнозирам. Годинава незвоможно е да има избори, бидејќи за да има избори наесен, до 1 јули треба да имаме влада за организирање на изборите, а тоа е невозможно да се случи.“ – вели во интервјуто Ахмети.
Сепак, со Ахмети не се согласуваат дел од потписниците на договорот од Пржино. Опозицискиот лидер Зоран Заев останува на барањето за брзи и регуларни избори кои ќе ги спроведе нова Влада. Од ВМРО ДПМНЕ пак, бараат преодна влада 100 дена пред избори, но и гаранции од Заев дека ќе оди на избори пред да се договори датум.
Инаку, датумот на избори и форматот на Владата што ќе треба да ги организира, ќе бидат главни теми на преговарачката маса, на која лидерската четворка се враќа од следната недела.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за тетовската тв Арт вели дека до крајот на оваа година невозможно е да се организираат и спроведат избори.