Албанскиот јазик ќе се користи во државните институции и банкнотите, а Албанец ќе биде претседател на Собранието – вели првиот интегративец Али Ахмети во интервју за Ројтерс за прв пат откривајќи детали од договорот со социјалдемократите.„Во парламентот на Република Македонија, ако јас сум претседател ќе зборувам на албански. Треба парламентарната седница да ја водам на албански јазик. И во говорна и во пишана форма, албанскиот треба да се користи во сите државни институции. Тоа значи официјална употреба на албанскиот јазик. Во овој момент албанскиот јазик се користи само на локално ниво.“, вели Ахмети.
Во однос на политичката криза Ахмети вели дека може да се влече со години но порачува да не се претвора во меѓуетнички судир за партиски придобивки.
„Проблемот во Македонија е политички, кризите се политички, а политичките кризи треба да бидат решени на политички начин. Оваа политичка криза не треба да биде претворена во меѓуетнички судири за политичка придобивка на некоја партија во државата.“, додава Ахмети.
Сега е моментот да се затвори прашањето за албанскиот јазик, додава Ахмети додека откажувањето од албанската платформа тврди би било погрешен чекор.
„Ќе биде погрешен чекор (да се откажеме од барањата) бидејќи тоа може да предизвика тензии и да биде уште една причина за Албанците за меѓуетнички тензии. Албанците беа трпеливи, чекаа овој проблем да се реши во рамки на институциите. Сега е моментот прашањето за албанскиот јазик да биде затворено во регуларна законска процедура.“
Во својот извештај Ројтерс наведува и дека Уставот на земјава не е јасен што ќе се случува доколку претседателот одбие да и го даде мандатот на една партија ниту пак постои рок за формирање на владата.„Во парламентот на Република Македонија, ако јас сум претседател ќе зборувам на албански. Треба парламентарната седница да ја водам на албанс