Али Ахмети денеска презентирал предлог за продолжување на коалицијата со ВМРО ДПМНЕ пред членовите на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица, брифирал висок партиски функционер за 24 вести.Телевизијата објави дека според истиот функционер за предлогот се дискутирало вчера од страна на најблиските соработници на Али Ахмети, но не можеле да изградат единствен став.
Неофицијално, како што објави телевизија, дел од пакетот за евентуалната соработка е изгласување на закон за употреба на албанскиот јазик, за кој изминатиов период имало интензивни преговори на релација ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, меѓу најдоверливите луѓе на Ахмети и Груевски.
За законот за СЈО и продолжување на рокот за работа на ова обвинителство, ДУИ наводно ќе предложи измени и нивниот план бил да се обидат да излобираат дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за предлогот.
Дел од овој пакет договор, според неофицијалните информации е и претседателското место во Собранието кое би му припаднало на ДУИ.
За информацијата нема официјална потврда ниту од ДУИ ниту од ВМРО-ДПМНЕТелевизијата објави дека според истиот функционер за предлогот се дискутирало вчера од страна на најблиските соработници на Али Ахмети, но не можел