Агенцијата за храна и ветеринарство од првиот ден со своите тимови кои се на терен, а ситуацијата е нормализирано во последните 2-3 дена, вели за Канал 5, Ѓорѓи Ѓорчевски инспектор во Агенција за храна и ветеринарство.Се намалува бројот на пријави за угинати животни, а Ѓорчевски апелира веднаш да се пријави угинатиот добиток.
– Неколку пати апелираме и преку медиумите и преку препокри на страната на Агенцијата, доколку одгледувачот забележи дека има угинати животни веднаш да ја извести Агенцијата и надлежното ветеринарно друштво кое што има договор за вршење работа од јавен интерес. Граѓаните да е ги допираат уинатите животни. Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со комуналните претпријатија на Град Скопје врши нештетно отстранување на угинатиот добиток и транспортирање до Дрисла каде што се врши закопување, уништување и дезинфицирање, вели тој.
Редовно се врши опсервација на теренот, 4 тима се постојано на терен и постојано се контактира со граѓаните. До сега не е евидентиран случај на зараза и треба да се обрне внимание во делот на хигиената.
-Добиточната храна која што е зафатена од поплавите да не се дава, бидејќи може да се наруши здравјето на животните кои преживеале, апелира Ѓорчевски.Се намалува бројот на пријави за угинати животни, а Ѓорчевски апелира веднаш да се пријави угинатиот добиток.
– Неколку пати апелирам