АХВ: Не е пронајден стиропор во ниту една од тортите од пријавената скопска слаткарница

Во ниту една торта од пријавената скопска слаткарница не е најден стиропор, соопшти попладнево Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по извршените инспекциски контроли.Според АХВ, инспекциските служби ниту по направената контрола на готови торти кои имаат фигури на површината, не нашле какви било отстапувања. Не е утврдено присуство на стиропор, ниту во тортите, ниту во фигурите.
– По извршениот инспекциски надзор, постапувајќи по претставка од граѓанин со наводи дека делови од торта биле направени од стиропор, АХВ во моментот на надзорот не констатира отстапувања во поглед на безбедносните критериуми. Во ниту една торта не е најден стиропор кој се користел како репроматеријал во производството на торти, наведува АХВ.
Како што информира Агенцијата, констатирано е дека при производството, во дел од тортите се користени чепкалки и дрвени стапчиња за прицврстување на фигурите.
– Станува збор за материјали кои доаѓаат во контакт со храна за кои се доставени на увид и валидни мислења за материјали кои доаѓаат во контакт со храна, издадени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Производителот на торти каде е спроведена контролата има обезбедено и соодветно означување на пакувањето на готовите производите со посебна нотификација „Фигурите на тортите не се за јадење“, нагласува АХВ.Според АХВ, инспекциските служби ниту по направената контрола на готови торти кои имаат фигури на површината, не нашле какви било отстапувања. Не е

Пронајдете не на следниве мрежи: