Во Македонија нема пилешко месо со големи количини салмонела, смируваат од Агенцијата за храна за и заветеринарство (АХВ) откако албанските власти запленија 26 тони пилешко месо, увезено од Бразил, откако утврдиле дека содржи високи концентрации на салмонела.
– Месото и преработките од месо кои се увезуваат во Македонија се безбедни. Увозот се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат задолжителна контрола на секоја увозна пратка на граничните премини, вклучително и на пилешко месо и производите од пилешко месо. Контроли се прават и при истовар на увезените пратки. Покрај задолжителниот преглед на документацијата, идентитетот на пратката, физичкиот преглед на пратките, официјалните ветеринари земаат и мостри за лабораториско испитување кои вклучуваат вршење на микробиолошки анализи, појаснуваат во АХВ.
– Месото и преработките од месо кои се увезуваат во Македонија се безбедни. Увозот се врши исклучиво од одобрени земји за увоз